Грција им забрани на министрите да вработуваат роднини


Членот на конзервативната партија, Вирон Полидорас, минатиот месец, искористувајќи го тоа што само еден ден бил поставен за претседател на привремениот парламент ја вработил својата ќерка и тоа со постојано вработување.

Грција сега даде забрана министрите да ги вработуваат своите блиски роднини, членови на фамилијата и пријатели, како одговор на бурната реакција на јавноста за вработувањето на ќерката на политичарот.

Многу граѓани на земјата која веќе петта година се наоѓа во рецесија и моментално се бори за да опстане и да не банкротира за да остане во евроозната, ги обвинија политичарите кои биле на власт во последните четири  децении, за  непотизам во сите сектори.

Локалните медиуми потегот на членот на конзервативната партија Вирон Полидорас, го осудија како неморален, а  многу граѓани се приклучија кон групата на фејсбук под името – Полидорас веднаш да даде оставка.

Јавноста во Грција се вжешти поради овој потег на политичарот со оглед на тоа дека поголем дел од младите во земјата седат дома и се невработени, а сето тоа е  последица на острите мерки за штедење кои на Грција и беа наметнати од страна на меѓународните институции.

Tags: , , , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1