Груевски: Јас имам највисока одговорност за резултатите


Како претседател на партијата имам највисока одговорност за изборните резултати, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој рече дека во текот на изборниот ден имало низа нерегуларности. Исто така, Груевски рече дека ќе следи анализа на изборите и на резултатите со цел да се утврди што друго, освен, како што рече, изборните нерегуларности, од страна на партијата било погрешно направено заради што немале подобар резултат.

Груевски рече дека имало закани врз нивните кандидати, заплашувања и дека се влијаело врз гласачите.

„Полицијата беше главен заштитник и беше ставена во партиска функција. Од многу странидобивме информации за поткуп на гласачи, секако продолжи и црната кампања. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршења на изборниот законик, узурпирање на државните ресурзи, притисок, поткупи на гласачи, а граѓани се превезуваа организирано на гласачки места. Првпат во историјата на Македонија полициски џипови кружеа со партиски симпатизери“, рече Груевски.

Според него, сето ова имало влијание на изборниот резултат и придонело за водство и победа на СДСМ во повеќе општини.

Груевски рече дека ќе поднесат претставки за сите нерегуларности. „Изборите не се завршени“, рече тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1