Груевски: Ќе продолжам да го следам работењето на сите министри во интерес на граѓаните


Претседателот на Владата, Никола Груевски на денешната собраниска седница за избирање министри и заменици министри истакна дека предлага нови кандидати за министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.nikola-gruevski-foto

-Очекувам новите министри и заменици министри да бидат фокусирани на изборниот процес, да не ги кочат започнатите владини проекти, како и проектите од програмата на Владата. Да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните. Очекувам нивна посветеност и одговорно работење и однесување. Очекувам работење согласно Законот и етичките и моралните добра, без злоупотреби на министерските функции за партиски цели, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде како досега, така и понатаму ќе го следи работењето на секој министер и потенцира дека ќе продолжи да соработува со министрите и нивните заменици во интерес на граѓаните.

-Ќе продолжам будно да го следам работењето на секој министер и секој заменик министер, ќе сорабтувам со нив во интерес на граѓаните, а воедно и ќе реагирам доколку бидат забележани неправилности во нивното работење, заклучи премиерот Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1