Груевски: Поевтинуваат месото, млекото и бебешките производи


Владата го прифати предлог Законот за  намалување на стапката на Данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто, за сточната храна и адитивите на сточна храна, жив добиток, за бебешките производи и за училишен прибор.

mleko mkКако што најави премиерот Никола Груевски, новото законско решение се очекува да стапи на сила кон крајот на мај или на почетокот на јуни, окако ќе се формира новиот парламентарен состав и одлуката ќе се изгласа во Собранието.

Намалувањето на ДДВ-то,  ќе влијае врз намалување на цените на производите за  крајните потрошувачи, како и на зголемувањето на конкурентноста на македонското стопанство.

„Преку намалување на ДДВ-то  за производството на месо или мелчни производи директно или индиректно ќе се намали и нивната цена на чинење и конкуретноста на фирмата. Ова потенцијално може да биде и стимул за извоз. Се помага директно и на макеоднски компании и на потрошувачите. Со овој предог ќе се стимулира земјоделството и производсвтото на месо и млечни производи, а на  родителите ќе и се намалат  трошоците за децата“, истакна Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1