Руфи Османи поднесе оставка – бара широка коалиција


ndp-rufi-1-640x320

За време на денешниот состанок на Централното собрание на Националната демократска преродба (НДП), претседателот на партијата, Руфи Османи поднел оставка од претседателската функција, а партијата побара влада на широка коалиција. Опозициската партија од албанскиот политички блок порачува оти Централното собрание смета дека Македонија не успеала да организира слободни и демократски избори. НДП бара меѓународниот фактор да интервенира за да се формира влада на широка коалиција, која би спровела фер и демократски избори.

„Централното Собрание на НДП не ги прифаќа како легални и легитимни резултатите од недемократските и манипулираните избори и препорачува посредство на меѓународната заедница за формирање влада од поширока коалиција со цел да се спроведе чистење на избирачкиот список и организирање на слободни и демократски избори, како предуслов за враќање на демокрацијата во земјата“, се вели во изјавата од денешниот состанок.

Партијата посебно се осврнува на гласањето на Албанците во Европа.

Централното Собрание на НДП процени дека ВМРО и ДУИ се одговорни за изборите во дијаспората, на кои не им било дозволено на Албанците во Европа да го реализират нивното право за глас, така што не ги регистрирале во изборните листи “.

За сега, формиран е привремен Совет на НДП со кој ќе управуваат Зенун Исмаили, Весел Мемеди и Бинас Пајазити.

 

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1