Група од триесетина лица претепале момчиња од македонска националност на последната автобуска станица број 45 на улицата Антон Попов во населба Ченто.
Според информациите од МВР, попладнево околу 16 часот групата веела албански знамиња и без никаква причина ги нападнала и истепала, јави прес 24. Од МВР најавуваат мерки за расветлување на случајот.