Гугл доби на суд – смеее да скенира книги, но не смее да ги дава да се читаат


Тужбата против Гугл ја поднесе американското здружение на автори Ауторс Гилд. Судот одлучи дека Гугл смее и натаму да овозможува пристап до дигитализираните книги на интернет. „Според мое мислење, Гугл Букс носи големи предности“, напиша судијата Дени Чин во образложението на пресудата.

KNIGI FOTOKOPIJAГугл овозможува забрзување на напредокот во уметноста и науката, а истовремено ги зема предвид и правата на авторите и другите креативци, нагласува судијата, пренесува DW.

Тој потенцира дека Гугл не смее да ги продава скенираните книги и не смее да овозможува нивно читање. Тоа што конценрот овозможува пребарување на книгите е во полза на научниците. Со можноста да се најдат одредени дела, се отвораат нови извори на приходи за авторите и издавачите, затоа што старите книги се штитат од заборав, констатира судијата.

Во образложението на својата одлука Чин се потпира на нормата „фер користење“ или „одмерена употреба“, која постои во американското право. Здружението на автори има намера да се жали на пресудата.

Гугл во 2004 година почна со скенирање на книгите во големите библиотеки и создавање можност делата да можат да се најдат преку интернет. Притоа, од книгите се прикажуваат само делови, не цели дела. Во меѓувреме, дигитализирани се повеќе од 20 милони трудови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1