Компанијата Гугл лансираше балони кои ќе обезбедат интернет и на оние места каде на поинаков начин пристапот до интернет е невозможен!
30 балони се пуштени од Нов Зеланд, ќе се движат над Земјата на ограничено подрачје по контролирана патека.
Балоните се мобилни и поради тоа пристапот до интернет е со прекини, но од Гугл се надеваат дека ќе можат да пратат повеќе балони за посигурна интернет врска за луѓето кои живеат во оддалечените подрачја – јавува Би Би Си.
Проектот се уште е во експериментална фаза. Секој балон носи радио антена, систем за контрола на висината, соларни панели.
Балоните над Земјата ќе останат околу 100 дена и ќе обезбедат поврзаност за корисници во радиус од 40 километри.
На овој начин може да се обезбеди пристап до интернет за број на луѓе кој е навистина голем, бидејќи две третини од светската популација нема пристап до интернет!