Гужва на граница – На Табановце се чека половина час


На граничниот премин Табановце за излез од Македонија возилата чекаат 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

92BBDBFB6C5DD8489D919B4FA41F27FBИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1