Х Фактор: Давид Темелков на чекор до големото финале!


Во вечерашното издание на Икс фактор, кога имавме можност да слушнеме само половина од изведувачите бидејќи другиот дел ќе ги чуеме утре, настапи нашиот Давид и успеа да си обезбеди место за следната недела.

x faktor

Во епизодите посветени на Евровизија, учесниците изведуваа хитови од големиот фестивал, а Давид ја избра песната со која пред две години Калиопи ја претстави Македонија, Црно и бело. Тој солидно се справи со предизвикот и покрај малата критика за фрлањето на еден од реквизитите, тој доби пофалби за пеењето. Масимо му препорача единствено да биде повнимателен при изборот со песни, како би дошла до израз специфичноста на неговиот глас, наместо да се прилагодува тој на песната.

Во утрешниот втор дел од оваа емисија ќе имаме можност да ги чуеме и останатите изведувачи, а притоа по гласањето ќе треба шоуто да го напушти уште еден натпреварувач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1