Зголемен број на кражби на автомобили од марката BMW во Англија, резултираше со истрага на англиското МВР, кое изнесе некои благо наречени, шокантни информации.
Со повеќе од 300 украдени автомобили, од серија 1, до Х6, англиското МВР ја стави на тест безбедноста на целата компанија.
Горе спомнатите серии на автомобили ги користат новите ОБД клучеви, кои се електронски програмирани и се единствени за секое возило. Сепак, како што напреднува технологијата кај автомобилите за заштита и нивна безбедност, така напреднува и технологијата за нивно крадење.
Англиското МВР, објави дека само во Европа се пуштени на црниот пазар, преку 3 милиони бланко ОБД клучеви, кои многу лесно и едноставмо можат да се програмираат за кражба на некој BMW автомобил.
Тие исто така го објаснија и начинот на кој се врши кражбата. Екипа од 3-4 лица, од кои еден хакер, еден професионален крадец на автомобили и други две лица за припомош се во тимот. Операцијата е толку едноставна што може да се изведе за помалку од 3 минути. Крадецот го обива возилото, хакерот го програмира клучот и го стартува возилото, а другите двајца го туркаат возилото до безбедно растојание за сопственикот да не ги слушне или види како го крадат.
Од компанијата истакнаа дека се запознени со овој проблем и дека работат на зголемување на безбедноста. Исто така има и внатрешна контрола, која ги проверува сите инволвирани во дадените сектори за да се провери од каде се издадени бланко клучевите.
[youtube http://www.youtube.com/watch?v=DshK4ZXPU9o]