Бреговиќ заглавил со часови на автопатот Ниш – Скопје – 20 км колона


Компетен застој на автопатот Ниш Скопје во правецот накај Македонија. Според информациите колоната возила била 20 километри а за премин на наплатната рампа се чекало по неколку часа.

Огромна колона нервозни возачи поголемиот број турски државјани кој патувале на одмор во Турција.

Застојот го потврди и шефот на наплатната рампа ,,Наис,, Драган Милиќ

Според информациите на mkd-news со часови чекале и Горан Бреговиќ и неговиот бенд за свадби и погреби кој патуваат кон Битола, каде вечерва треба да имаат концерт во амфитеатарот Хераклеа.

Бендот на наплатната рампа пристигнал околу 10 часот утринава и според нашиот извор рампата ја минале дури во 13 часот – чекале цели 3 часа на топлото време.

Автобусот со кој патува бендот околу 14 часот стасал пред граничниот премин кон Македонија каде ги чека повторно неколку часа стоење.

Поради колоната кај Ниш, гужвата се создала и на граничните премини.

Горан Бреговиќ кој патувал со автомобил со неговиот шофер немал живци да чека, па по еден час стоење на жешкото сонце тргнал во авантура да пронајде алтернативни патчиња како да ја заобиколи гужвата.

Нема информации дали успеал и дали веќе влегол во Македонија.

Концертот е со старт во 21 часот – но бендот претходно треба да изврши и тонска проба. Како што им тргна ова патешествие ќе мора дирекно од автобусот да се качат на сцената.

Според српското МВР до застојот дошло поради дефект на два камиони кој го блокирале овој дел од патот.

Камионите се расипале токму на наплатната рампа Наис и го блокирале приодот до неа. Камионите се отстранети, во функција се сите пунктови на патарината но поради 20 километри долгата колона, расчистувањето на сообраќајот споро одел.

За време на застојот на автопатот се случувал вистински митнинг, сите возачи нервозни трубеле со своите автомобили и гневни и револтирани се расправале со полицијата и меѓу себе. Во оваа гужва бил и познатиот Бреговиќ и неговиот бенд.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1