Вработена во МВР парите за возачка си ги ставала во џеб


 

Кумановка вработена во полицијата на Куманово затаила 3354 евра (204.600 денари) од издавање на возачки дозволи.  Триесетгодишната жена, вработена како референт за управни работи во ПС Куманово, со проневера го оштетила МВР за 204.600 денари.

Против неа е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата.

При попис за работењето за минатата година, книговодителот открил дека има кусок на пари за издадени сообраќајни дозволи за моторни возила, трактори, потврди за регистрација, потврди за привремена регистрација, како и за издадени регистарски таблички за повеќе видови на возила, со различна форма и за различна намена.

Таа лани, со усна наредба, била преместена од шалтерот за прием на документи поради нејзина лоша комуникација со странки, на пултот за изготвување на возачки дозволи.

Share Button

Tags: , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1