Мртов студент пронајден во стан во Хрватска



Хрватската полиција синоќа во доцните часови пронашла мртво тело во стан во загребската населба Шпанско. Станува збор за 24 годшишен студент кој бил пронадјен од страна на неговиот брат.

Освен дека станува збор за студент, засега полицијата не сака да открие никакви детали поврзани со истрагата. Потврдено е дека станува збор за насилна смрт, а неслужбено хрватските медиуми излегоа со информација дека момчето било убиено со остар предмет. Медиумите одат дотаму што пренесоа дека убиството немало никава поврзаност со грабеж, како што најпрвин полицијата се сомневала. Според сториите кои што ги пренесуваат пријателите на мртвото момче, сторителот со нож му го пресекол вратот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1