Руската компанија за безбедносен софтвер „Касперски Лаб“ соопштила дека меѓународна хакерска група украла околу една милијарда долари од банки низ целиот свет.
Хакерите од крајот на 2013 година упаднале во над стотина банки во 30 држави низ светот. Груптата откако ќе добиела пристап до компјутерите на банките преку електронски пораки и други методи, со месеци ги проучувале банкарските системи. Потоа хакерите ги програмирале банкоматите, така што повлекувале пари од нив во одредени часови од денот или создавале лажни банкарски сметки на кои префрлале пари.
Поголем дел од банките се во Русија и Источна Европа, но според „Касперски Лаб“ цел на хакерски напади биле и банки во САД, Азија и Западна Европа.