Албанскиот мафијаш тврди: Атентатот врз Глигоров го извршиле луѓе блиски до Сали Бериша


Атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров во 1995 година го извршиле луѓе блиски до тогашниот албански претседател Сали Бериша, открива албанскиот мафијаш Изет Хаџија, во изјава за албанскиот весник „Дита“.

Освен нарачател, според неговите тврдења, Бериша бил и заштитник на атентаторите кои во 1997 -ма побегнале во Албанија и биле заштитени од албанските служби.1995-10-03-atentat-na-gligorova-skoplje

„Бериша со атентатот над Глигоров сакаше да постигне свои политички цели. Луѓето кои ја поставија бомбата и со неа се обидоа да извршат атентат беа припадници на тогашните албански служби и полиција“, изјави Хаџија за албанскиот весник.

,,Атентатот на Глигоров до ден денес останува мистерија. И покрај изјавите на тогашните власти дека обидот за ликвидација на сега веќе покојниот претседател, ќе се разреши во најскоро време, македонската јавност и по неколкуте истраги не ја дозна вистината и овој случај се’ уште не е заклучен.‘‘

Во серија интервјуа за „Дита“, тој ги објавува најстрого чуваните тајни на Сали Бериша и албанското подземје.

Republika

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1