Познатиот босански пејач Халид Бешлиќ (60) уште еднаш покажа дека има големо срце кога одлучил да им помогне на своите сограѓани среде огромните поплави кои деновиве ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина.
Фолк-пејачот е сопственик на мотелот „Бешлиќ“ во Семизовaц, во близина на Сараево. Кога чул за неволјите во кои се нашле неговите сограѓани тој го повикал својот менаџер и му рекол во мотелот да ги смести луѓето кои биле затечени од поплавите во месноста Сврака. Бешлиќ во моментот е во Шведска, пренесува порталот „Аваз“.
Жителите на ова место биле евакуирани синоќа откако се активирало свлечиште на земјата кое проголтало неколку куќи.
– Сите знаеме дека Халид отсекогаш бил подготвен да им помогне на луѓето на кои имаат потреба. Апелирам до луѓето со добра волја да им донесат основни животни намирници и средства за основна хигиена, бидејќи во мотелот ќе останат уште неколку дена – изјавил менаџерот на Бешлиќ за босанските медиуми.