Хан: избори се можни, одлуката е на партиите – 3 ЛИДЕРИ СЕ ЗА… ЕДЕН ПРОТИВ


Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.han

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по маратонските преговори во резиденцијата на евроамбасадорот во Пржино изјави дека е невозможно да има договор меѓу четирите политички партии, затоа што три партии се согласиле предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, но една партија била против.

„Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да и помогнат на земјата. “, изјави Хан.

-Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1