Возот кој се запалил кај МИК Свети Николе бил полн со студенти


Во движење се запалила локомотивата на патничкиот воз Скопје – Кочани во близина на фабриката за месна индустрија МИК Свети Николе. Во возот имало околу 50 патници, од кои поголемиот број студенти од Штип и Кочани.

Нема повредени патници, а полицијата врши увид на местото каде што е опожарена локомотивата на патничкиот воз, кој се движел по пругата кон Штип.

press24

press24

Пожарникарот Марјан Серафимов од Светниколската противпожарна единица вели дека повикот за пожарот го добиле околу 18 часот, а поради непристапниот терен пожарникарите морале околу 300 метри на рака да ги носат противпожарните апарати, а пет црева за дотур на вода биле донесени од кругот на фабриката МИК Свети Николе

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од искра при кочењето, при што била зафатена цистерната полна со нафта.

– Локомотивата гореше и ние моравме да се качиме на неа  и да ја изгаснеме. Пет пожарникари бевме на терен, за среќа нема повредени, изјави Серафимов.

Патниците навреме се евакуирале од возот.Ванчо Кировски родител на студент од Кочани вели дека патниците имале среќа поради присебноста на машиновозачот, кој навреме ги информирал да излезат од вагонот.

Press24

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1