Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва по лидерската средба во кусата изјава соопшти дека е постигнат договор помеѓу политичките партии за надминување на кризата. Тој кажа и дека се договорени и парламентарните избори, но не прецизираше дали е договорено заминување на Никола Груевки од премиерската функција и какви отстапки се направени од двете страни.
-Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи, рече Хан.
Сепак се дознава дека Никола Груевски се согласил со негово заминување од функцијата, но засега нема информации од кој период е договорено да се повлече.
Video – A1On