Припадниците на македонските сили на МВР и АРМ денес попладне беа нападнати и каменувани од страна на мигрантите кои чекаат да влезат во Македонија, јавува Сител.
Стотици мигранти без дозвола почнаа да навлегуваат на македонска територија од неколку страни. Тие додека траеше пропуштањето на најранливите категории мигранти, почнаа да влегуваат во Македонија без дозвола и без легитимирање, јави А1он.мк.
– Почнаа во групи да трчаат по полињата, а полицијата веднаш се упати по нив за да ги врати, пишува порталот.
Видео: А1он.мк