Пред хрватската амбасада во Белград завладеа хаос.
Голем број на полициски службеници се обидуваат да воведат ред против нервозните приврзаници на Српската радикална партија и нејзиниот лидер Воислав Шешељ, кои се собраа во Белград, како реакција на одбележувањето на воената акција Бура и протерувањето на над 220.000 краински Срби.
Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме, пренесува српски Блиц.
Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор на страната на улицата во која е зградата на хрватската амбасада во Белград.
-Браќа и сестри Срби, 20 години во Белград постои амбасадата на Хрватска- усташката држава. Лажна држава бидејќи повеќе од 900 години не беа во состојба да направат вистинска држава, рече Шешељ пред насобраните.
Сообраќајот на улицата во која се наоѓа амбасадата е запрен, а полициски кордон не им дозволува на следбениците на радикалите да дојдат до зградата.