Француските демонстранти ,,Жолти елеци” запалија над 40 наплатни станици по автопатиштата низ Франција.
Според најголемиот оператор на системот за наплата на патарини во Франција , Vinci Autoroutes , во тек се протести на околу 40 патарини, од кои поголемиот број се запалени.
Ноќеска биле запалени наплатни станици на југот на земјата , поради што бил затворен автопатот А50.
Според компанијата , направена е штета во износ од неколку десетици милиони евра.