ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Експлозија на аеродром – една жена загина


Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул во раните утрински часови, јавија турски медиуми. Починатата е хигиеничарката на аеродромот.

Експлозијата одекнала околу 2 часот по полноќ во делот каде биле паркирани авионите и тогаш биле повредени две лица од персоналот задолжен за чистење на авионите.istanbul aerodrom

Засега не се познати причините за експлозијата, по што полицијата ги зајакна безбедносните мерки на влезот во аеродромот.

Полицијата ги разгледува сите можни верзии, вклучувајќи и терористички напад. Во Турција се чести напади од курдски милитанти, левичари или милитанти на „Исламската Држава“Istanbul

Едно од двете лица кои беа ранети им подлегна на повредите. Станува збор за 30-годишна жена која чистела паркиран авион.

Авиосообраќајот не е загрозен, но полицијата ги зголеми мерките за безбедност на влезот во аеродромот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1