Силно невреме пропратено со врнежи и грмотевици и синоќа ја зафати Далмација, посебно подрачјето на Шибеник, Макарска и Сплит, а се проценува дека во краток период паднале повеќе од 100 литри дожд по метар квадратен. Цела Далмација е под вода, а синоќешното невереме буквално ги поплави улиците во Сплит и го оневозможи сообраќајот по нив.