Харис Џиновиќ нападнат во Хрватска!


Фолк пејачот Харис Џиновиќ е нападнат во еден ресторан во Хрватска откако одбил да им запеал на група пијани момчиња. Инцидентот се случил неколку дена пред неговата венчавка со дизајнерката Мелина Галиќ, која се одржа пред три недели на луксузна јахта во Дубровник.

haris djinovic

Како што дознава српски „Курир“, инцидентот се случил во Задар, во еден ресторан хотел, кога пејачот одбил да им запее на група момчиеа кои побарале музичка желба.

– Харис со пријателите наврати во Задар и отиде во еден елитен хотел. Кога влезе таму, веќе имаше една група момчиња, кои беа под дејство на алкохол. Кога го виделе Харис, му се нафрлиле барајќи му да им отпее неколку песни.

Тој одбил, по што дошло до вербална пресметка, а потоа и до физичка, вели изворот кој бил на местото на настанот.

haris djinovikj

– Се се случи многу брзо. Прво му дофрлуваа грди зборови, а потоа почнаа да го навредуваат на национална основа, по што пејачот скокна и се упати кон нив. Во тој момент еден од момчињата се залета да го удри Харис, но тоа го спречи сопственикот на локалот, кој еднаш тргна во одбрана и заштита на Харис. Момчињата се тргнале и набрзо го напуштиле ресторанот, а пејачот не сакал случајот да го пријави во полиција. Среќа што Мелина не беше присутна, бидејќи ќе имаше уште поголем скандал – рекол соговорникот за „Курир“, кој инсистирал да остане анонимен.

И новoпечениот младоженец, рекол дека често му се случувале вакви ситуации бидејќи гостите сака да им пее, но ја негира оваа случка.

– Ние ноќта пред венчавката со пријателите бевме во ресторан на мој пријател и бевме одвоени од останатите гости. Никој и да сакал, не можел да ми бара да му пеам. Но, повеќе пати ми се случувало кога приватно ќе излезам некој да ми побара да му запеам, па ќе ја опцуе мајка ми, а јас нему сто мајки. Секогаш ја кажувам вистината, каква и да е, а сега навистина не добив ќотек – изјавил Харис.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1