Уапсени родителите на Тони Цетински


Мирко Цетински, некогаш познат пејач, како и неговата сопруга се уапсени, пренесува јавниот телевизиски сервис на Хрватска.

Регионалните медиуми денеска на големо известуваат за ова апсење, а тие велат дека Мирко и Винка Цетински се уапсени поради сомнеж за лажирање на даночни пријави. Покрај семејството Цетински, уапсени се и двајца јавни службеници, кои им помагале во извршување на криминалното дело.

cetinskifoto

Брачната двојка Цетински повторно се најде на удир на инспекторите поради сомнеж дека со помош на двајца службеници од даночната управа во Ријека се обиделе да лажираат даночни пријави. Случајот е во надлежност на полицијата, а сите четворица осомничени ќе бидат испрашувани во одделот надлежен за организиран криминал и корупција.

tony-cetinski-i-dubravka-dujak-600-ae85c175

За оваа афера се зборува од 2011 година, а постои сомнеж дека го оштетиле познатиот хрватски бизнисмен Данко Кончар и дека токму за оваа измама и се уапсени.

Нивниот познат син Тони се огласил преку Фејсбук преку кој апелира на невиноста на неговите родители.

– Повеќе од три години секојдневено и макотрпно истражување немаат никакви докази, па сега очајно повторно се сомневаат. Суштината е дека треба да се оправдаат сите потрошени пари за потребите на истрагата, а нема докази.

Ова што се случува само покажува дека моите родители во истрагата успешно го докажале потеклото на нивниот имот, кој го стекнале со долгогодишна успешна работа. Тоа, пак, овие од истражувањето не можат да го прифатат, па сега мислат на овој начин да го поништат вештачењето.

1cwetinskifoto

За жал живееме во корумпирано општество во кое владеат пирани и однапред се осудуваат луѓе без какви било докази. Ова само зборува колку е влијателен Кончар и неговиот адвокатски тим во оваа истрага, а тоа е она што не можам да опишам колку ме плаши.

Сакаат да ги менуваат фактите со своите пари и влијанието, а во меѓувреме го уништуваат здравјето и репутацијата на моите родители и комплетното семејство.

Не ги мразам ниту Кончар, ниту Нобил ниту Цариќ, а ниту останатите газољубци од удбашкиот блок, ниту пак не се плашам од нив. Со чист образ можам да речам: На секого според заслугата.

Ми останува да се молам и да верувам во вистината и правичното судство. Хммммм, можеби сум наивен, но верувам. Им благодарам на сите за поддршката во овие најтешки мигови за мене и моето семејство – напиша пејачот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1