ХАРП го предизвика ураганот Сенди? – Видео


Зголемената активност на ХАРП во последните неколку дена се интезивираше вчера, а силата со која удри во Њујорк досега не била забележана.

Штом Сенди од една обична тропска бура, стана закана за источното крајбрежје на САД, дури и пред да стане супербура, „франкесторм“, или некои други страшни имиња кои и беа доделени од страна на американските медиуми, теоретичарите на заговори посочија со прстот кон ХАРП, како директен виновник за истата.

Присетувајќи се на нивото на активност на ХАРП пред, за време и по ураганот Катрина, кои речиси го уништи целосно Њу Орлеанс, погледнавме на картата на активност на ХАРП и имавме што да забележиме.

Како што може да се види, од сликите, активноста на ХАРП чудно се совпаѓаат со појавата на Сенди и силата со која таа го нападна САД. Што е уште поинтересно, очекуваното време на ударот се поклопува со доаѓањето на високата плима. Доколку сега, за време на малата плима е преплавен целиот Атлантик Сити, најголемиот дел од Квинс во Њујорк и стотици градови по должината на источниот брег, може само да претпоставиме што може да се случи кога здружено ќе удрат и Атланскиот океан и ураганот Сенди..

Активноста на ХАРП може да се следи на страницата haarpstatus.com од каде што се преземените сликите. Јасно се гледа легендата на врвот на моќта на активноста на ХАРП во јоносверата од 1 до 10.
Ако се прашувате што е тоа белото на местото во Њу Јорк, тоа е силата на активноста која досега никогаш во историјата не била забележана.

Инаку, HAARPStatus.com ги следи заедно со TheWeatherSpace.com аномалиите во јоносферата, кои можат да покажат на силното временско пореметување преку 28 сензори распоредени низ Соединетите Американски Држави.


Погледнете ја која било слика на ураганот Сенди и сликата на активностата на ХААРП, па заклучете сами што се случува во Њујорк. Само еден ситен детал за размислување.

На патот на ураганот се наоаѓаат 26 нуклеарни електрани, од кои една е „Oyster Creek“ во Њу Џерси, ист дизајн како Фукушима, само што е постара.

Кога на горенаведениве податоци ќе се додаде и активацијата на FEMA камповите за жртвите, како што најави актуелниот претседател на САД Барак Обама, го добиваме…. па речиси сигурниот победник на изборите следната недела?

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1