Британската пејачка Адел, минатата недела го претстави новиот видео спот за една од песните кои се на нејзиниот нов албум „25“.
Песната со наслов „Hello” за само 14 часа има повеќе од 30 милиони прегледи. Спотот е снимен во село близу Монтреал.
Адел која има 27 години, кажала дека нејзиниот 25-ти роденден бил крстосница и дека новите песни се „посветени на помирувањето со самата себе си“.
Пејачката засега не најави кога ќе излезе новиот албум, но се очекува дека тоа би можело да се случи на 20 ноември.
Слушнете ја песната која соборува рекорди: