Доброволци кои сакаат да се пријават може да се обратат на бројот 076 330 113 или да пратат мејл на [email protected].
Од денеска во Тетово е отворен и собирен пункт за прием на донации на паркингот позади зградата на општина Тетово, информираа локалните власти. Потребни се храна и средства за хигиена.
Во невремето кое го погоди тетовскиот регион загинаа четири лица, повредени се 11 лица, а две се водат за исчезнати. Причинета е и голема материјална штета.