Херој од рускиот авион: Загинале повеќе од 40 лица, но тој за чудо преживал!


Момчето извлечено од уништениот труп на рускиот товарен авион, кој се урнал во Јужен Судан имало луда среќа. Тоа е едно од двете лица кои биле извлечени живи од остатоците на авионот.

Момчето со потекло од Јужен Судан било извлечено од трупот со полесни повреди. Детето кое нема ни една година, станало херој на несреќата откако единствено го преживеало падот на авионот. Другото лице кое било извлечено од остатоците, подоцна им подлегнало на повредите.bebe-preziveano-avion-nesrekja-01

Украински дипломат во Кенија изјавил дека во авионот имало и пет Руси. Безживотните тела сè уште се извлекуваат, па точниот број на загинати не е познат, но животот го загубиле најмалку 41 лице.

Загинале 18 лица кои се наоѓале во авионот, додека останатите жртви се жители на Јужен Судан, кои се нашле во близина на падот на авионот.

Авионот бил произведен во 1971. година, во сопственост на компанијата “Allied Services”, а човекот на чие име се води леталото, бил приведен на сослушување во Џуба.bebe-preziveano-avion-nesrekja-03

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1