Еден ортопед, вработен во Клиничкиот центар во Сплит, одбил да оперира пациент со малигно заболување, со образложение дека тој и онака ќе умре, поради што ќе му биде изречена соодветна казна
Управникот на КБЦ Кољо Пољак, рече дека сите одговорни крајно сериозно пристапиле на овој проблем, и истакна дека се ќе биде решено така што на ниту еден доктор, во иднина да не му падне на ум слично нешто.
Во болницата е потврдено дека пациентот сепак е опериран и дека му е дадена неопходната здравствена нега. До завршувањето на постапката, ортопедот ќе продолжи да ја извршува својата работа, а неофицијално се дознава дека до сега немало никакви приговори на неговата работа.
За казната ќе одлучува директорот на Клиниката за хирургија, кој не сакаше јавно да го коментира инцидентот во болницата.










