Тринаесет светски чуда за кои нема објаснување


Светот е полн со чуда и чудесии. За многу од нив научниците понудија разумни објаснувања, но за некои од нив се уште не можеме да најдеме вистинско објаснување без оглед на тоа колку време ќе вложиме во набљудување. И не, колку и да се чини дека вашата баба е чудо на природата, таа не е на овој попис.

carved-mountain-linesКинески мозаик од линии

Овие чудно поставени линии се наоѓаат на координатите 40°27’28.56″N, 93°23’34.42″E. Не постојат многу информации за овие чудни, но сепак убави линии врежаи во пустина во провинцијата Гансу Шенг во Кина. Додека некои сметаат дека ова е таен воен полигон други мислат дека се работи за порака до посетителите од вселената, но вистинско објаснување нема.

Камена кукла

Пронајдена во јули 1889 година во Нампа во Ајдахо, оваа мала камена кукла го здогледала светлото на денот при копање на бунар и предизвикала интерес кај научниците во светот. Направена е од човечка рака, најдена е на длабочина од 100 метри со што може да се пресмета дека настанала одамна пред тука првпат да се појави човекот.

hfdhsКалендар од камен

Во египетскиот дел на сахарската пустина лежат најстарите познати астрономски наредни камења на светот – Набта. Илјада години пред Стоунхенџ, луѓето ги поставиле камењата во круг на брегот на езеро кое одамна пресушило. Овие три метри високи камења се довлечени тука пред 6000 години. Иако денес овој регион на Египет е пустина без врнежи, тука некогаш живееле одамна изумрени бизони. Ископините покажуваат дека ова подрачје порано било многу населено. Прашањето за што служеле овие камења сеуште нема одговор. Додека некои сметаат дека служеле како календар, други мислат дека тука се принесувале жртви на боговите.

Древен вселенски брод
Не се работи за летало туку за цртеж во карпа кој датира 5000 години п.н.е., а се наоѓа во Јапонија.

kamenja-se-dvizatКамења кои се лизгаат
Овој феномен ни НАСА не може да го објасни. Се работи за камења кои се лизгаат по површината на пресушено езеро. За да биде појасно, камењата лизгаат сами од себе на рамнина, а зад себе оставаат трага. Но, сепак и покрај многу набљудувања никој никогаш со свои очи не сведочел за поместување на камењата.

Силата на пирамидите

Овие пирамиди се наоѓаат во Теотијуакан во Мексико. Во нивните ѕидови е вграден минерал познат под името мица. Она што зачудува е фактот дека најблискиот каменолом во кој се наоѓа овој минерал е во Бразил, илјадници километри од пирамидите. Прашањето кое се поставува е зошто древните градители поминале толкав пат за да го вградат овој минерал во ѕидовите на пирамидите. Дали со помош на тој минерал впивале некоја одамна заборавена енергија за да го зачуваат својот град?

Мост на кучешка смрт
Ова е мост од која кучиња вршат самоубиство. Се наоѓа во Шкотска, изграден е во 1859 година и станал познат по тоа што многу кучиња скокнале од него без никаква причина. Локалните сопственици на кучиња го избегнуваат ова место бидејќи кучињата во негова близина стануваат чудни и завиваат, а тие кои ќе се откачат од ременот скокаат од мостот во 50 метри длабока провалија.

Giant-Crystal-Pyramid-Discovered-In-Bermuda-Triangle-1Фосилизиран џин
Овој фосилизиран џин е најден во Ирска во 1859 година. Висок е 3,6 метри, откриен е при минирање на блиска планина. Покрај неговата големина зачудува и фактот што на секое стапало и на рацете има по шест прсти.

Потонати пирамиди
Покрај кубанскиот брег на неколку места се наоѓаат потонати пирамиди. Ги пронашле американски археолози и веднаш разгласиле дека ја нашле Атлантида. Не постојат никакви пишани податоци за кој град би можело тука да се работи, па остануваат само шпекулации…

Џинови од Невада
Постои легенда за 4 метри високи црвенокоси луѓе кои живееле во Невада. Легендата за тие луѓе ја пренесуваат индијански племиња. Подоцнежните ископувања на подрачјето на Невада, резултирале со ископување на голема човечка вилица, како и два скелета. Еден е висок 2,8 метри, другиот 3,5 метри. Бррр…

Алуминиумски тег
Можеби се чини дека постои објаснување за алуминиумскиот тег, но фактот дека е изработен од чист алуминиум и стар околу 500 години, зборува дека нешто е чудно со него. Имено, алуминиумот никогаш во природата не доаѓа како чист метал, туку помешан со други метали. А кога ќе земеме предвид дека алуминиумот е откриен дури во 1808 година, а неговото производство почнала дури во 1885 година, овој тег станува многу чуден.

Лоладоф чинија
Оваа чинија е 12.000 години стар камен најден во Непал. Изгледа дека Египет не е единствен кој бил посетен од малите зелени. На чинијата е прикажан летечки брод во форма на диск, но и фигура која потсетува на човеколики дојденец од вселената.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1