Видео: Голема акција – Полицијата удри по јавните куќи во Западна Македонија


Министерството за внатрешни работи, во соработка со Управата за јавни приходи, вчера вечерта и денеска во утринските часови ја спроведе најобемната акција досега за контрола во угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, која се водеше под името „Канџа“, а во која партиципираа преку 200 полициски службеници од разни организациони единици.

Погледнете го видеото од акцијата „Канџа“.

Целта на акциската контрола во угостителските објекти беше пронаоѓање на странски државјанки со нерегулиран престој во Република Македонија, кои се нелегално вработени во угостителските објекти како пеачки, танчерки, придружнички односно келнерки, а кои се можни жртви на трговија со луѓе, додека целта на спроведувањето на акциската контрола во обложувалниците беше откривање на оние кои вршат дејност без лиценца како и кривични дела и прекршоци од Законот за игри на среќа и за забавните игри.

akcija-kandja-500Угостителски објекти кои беа предмет на контрола од подрачјето на град Тетово беа “Енерџи клуб“, поранешен угостителски објект “Хилтон“ во Желино, “Ловец“, “Кораби“, “Ориентал Ас“ и УО Баци како и “Равен – Кастриот“, “Бакарди“, “Били“ – Чегране, “Били 97“ – Топлица, “Алпе Маре“ и “Нота“ – Чегране од подрачје на Гостивар.

При акциската контрола во угостителските објекти пронајдени се 64 странски државјани, од кои 61 женско и 3 машки лица. Од нив 58 женски и 3 машки лица се приведени во ПС Тетово и ПС Гостивар и против истите во текот на утрешниот ден од страна на Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, ќе им бидат поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка согласно чл.153 с.1 т.2 од Законот за странци – Злоупотреба на туристички престој. Освен нив легитимирани се и 391 државјанин на Р.Македонија кои биле гости во угостителските објекти. При акциската контрола во два објекти пронајдени се и одземенитри албански патни исправа на име на женски лица кои не се затекнати таму. Исто така, во два од објектите, кај двајца од гостите, при извршен преглед на патничките моторни возила со кои пристигнале, се пронајдени 2 пиштоли (еден во касета и еден под седиште). Едно од лицата изјавило дека пиштолот кој го поседувал е во постапка за добивање на дозвола и оружјето е одземено до докажување на вистинитоста на изјавата, додека второто лице го поседувало пиштолот со дозвола. Во друг објект од едно лице, при извршен преглед на патничкото моторно возило со кое пристигнал, пронајдени се и одземени се безбол палка и еден нож марка „Миков“. Кај друго лице од истиот локал, пронајдена е мала количина на растителна материја и истата е одземена за вештачење. Двете лица се предадени за понатамошна постапка на ПС Гостивар.

Од страна на Управата за Јавни приходи, во сите објекти во кои е извршена контрола констатираше прекршоци по Закон за регистрирање на готовински плаќања – Не издавање фискална сметка и не воведување на фискална сметка за што се изречени парични глоби во висина од 750 евра за физички лица и 2.500 евра за правните лица. Констатирани се и прекршоци од Законот за пушење и Закон за даночна постапка, а на дел објектите издадени им се Решенија за забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена.

Во делот на обложувалниците беше извршена контрола во “ЗЕРО БЕТ“, “Пица Лонг графити“, “Бет2деј“, “Кафе клуб 10“, “Бет 365“, “Еуро лото“, “Бундес“, “Еуро шанса“, “Там-бетинг“ и уште неколку објекти кои немаат назив.

Од контролите во спортските обложувалници во Тетово и Гостивар констатирано е дека работат незаконски, односно не поседуваат лиценци за работа, бидејќи од 13 објекти само обложувалницата “Евро-гол“ во Тетово поседувала лиценца за работа.

Во 12 спортски обложувалници од страна на УЈП се констатирани прекршоци по чл.158 и кривични дела по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавните игри, а исто така се издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Легитимирани се 122 лица, а при легитимирањето пронајдени се две лица по кои се трагало по распишана потерница. Одземени се 263.453 денари и 440 евра, 55 телевизори, 29 компјутери, 20 монитори, 16 штампачи, седум ресивери, три читачи за тикети, три печатачи, три фискални апарати, два модема и два проектори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1