Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење


Холандската полиција привела момче осомничено за перење пари откако кај него пронашла 350.000 евра, сокриени во машина за перење.

Полицијата во соопштение навела дека полицајците парите ги откриле во текот на претресот на куќата во потрага за нерегистрирани станари во западниот дел на Амстердам, пренесува „АП“.

На фотографијата објавена на сајтот на полицијата се гледа внатрешноста на машината за перење исполнета со пакети со банкноти од 20 и 50 евра.

На местото исто така била пронајдена и машина за броење пари, пиштол и неколку мобилни телефони.

Поради правилата за заштита на приватноста, идентитетот на 24 годишниот осомничен не е објавен, напомнува агенцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1