Четириесетина Холанѓани купиле куќи и станови во Лагадин и Пештани, а неколку семејства Британци, во Рача, посочи Никола Бакрачевски, градоначалникот на Охрид на вчерашната прес конференција, посветена на тековната туристичка сезона во Охрид.
Лагадин е туристичка населба од времен карактер, изградена во втората половина на дваесеттиот век и се наоѓа покрај патот Охрид – Свети Наум.
Целата населба се состои од стотина приватни вили и неколку хотели.
Селото Пештани се наоѓа во подножјето на планината Галичица, на источниот брег на Охридското Езеро, 12 километри јужно од градот Охрид.