Последно збогум за Тијана – како да се простиш од дете кое живеело само 15 год – Балканот во солзи и гнев (Видео)


Болен лелек во градите на неутешниот татко Игор Јуриќ, од кој се смрзнуваше крвта во вените, одекнувал вчера на градските гробишта во Суботица, каде неколку илјади луѓе се собраа да се опростат од 15-годишната Тијана, пренесува српки Курир.

tijana-pogreb500Не постои човек кој нема да заплаче над нејзината судбина и несреќата на нејзиното семејство. Траорна слика додека нејзината мајка Мирјана, тивко низ солзи ја довикувала својата Тијана. Плачеле дури и свештениците додека ја опевале.

„Дете мое, среќо моја, зошто, зошто ти“ – чувајте си ги децата, јас моето го загубив, вели неутешниот татко на Тијана. Од другата страна на Игор, потпрена била сестрата на Тијана, која низ солзи прашувала како ќе живее без нејзината сестра.

„Никогаш нема да те заборавиме, ќе останеш вечно во нас и со нас“, биле последните зборови пред Тијана да биде спуштена во гробот.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1