Две тинејџерки од Холивуд, се обвинети откако ја претепале својата другарка и ја држеле додека едно момче ја силувало.
Се работи за 15-годишната Патриша Монтес и 16-годишната Ерика Ејвери кои приредиле вистисни хорор за својата 16-годишна другарка која ја силувал 19-годишен насилник.
Нападот се случи во ноември минатата година, a е снимен и на мобилен телефон. Полицијата досега ја држеше во тајност оваа шокантна снимка се додека пред извесно време снимката стигна до јавноста.
На снимката се слуша како девојките велат дека жртвата не им се допаѓа и дека некој денеска ќе биде силуван.