Маж од Ваљево е уапсен под сомнение дека држел четири девојки, ги злоставувал, тепал и силувал. Се работи за 63-годишниот В.Т. од Ваљево кој во својата куќа држел четири несреќни девојки, кои како што се сомнева полицијата, ги присилувал на проституција.
Полицијата дошла во неговата куќа каде ги пронашла девојките и му ставила лисици на рацете на насилникот.
Тој заработи 30-дневен притвор а и бил и од претходно познат на полицијата, како сторител на кривични дела.