Марија Кишереш од Суботица, ја усмрти сопственото куче ротвајлер. Старицата е пронајдена во дворот во куќата каде живеела сама.
Таа со возило на итната помош е префрлена во болницата во Суботица, но лекарите констатирале смрт. Како што е соопштено во Полициската управа во Суботица, настанот се случил утрово околу 8.10 часот.
Според зборовите на очевидци, настраданата пензионерка големото куче ротвајлер го чувала 5 години.
Увид изврши полицијата од Суботица, а кучето е усмртено.