Суеверие или .. – Зошто чукаме во дрво


Веројатно безброј пати сте изговориле „Да не чуе злото“ или сте чуканле по дрвена површина среде разговор. Кога се родила идејата за оваа магиска моќ на ваквото чукање открива магазинот „Национална географија“.

Честопати ни се случува да зборуваме за тоа дека мислиме дека добро сме се покажале на разговор на работа, на писмен дел на испит, на љубовен состанок, за бременоста на блиски роднини или пријатели или за надежта за иднината, а потоа ќе застанеме и набрзина ќе чукнеме по работ на дрвена масичка или стол со коментарот :„Да чукнам во дрво“ или „Да не чуе злото“.cukni vo drvo

За жал не се знае со сигурност кога и како идејата за чукање во дрвена површина за да се повика среќата, е родена. Судејќи според некои теории, тоа на некој начин е поврзано со нашите пагански предци кои верувале дека во дрвјата живеат духови, и дека стеблата била важен дел од религиозните обреди.

Според една теорија, кога нашите предци чукале по површината на дрвото, ги повикувале овие духови да им дојдат на помош, додека според друга верзија овој обичај настанал на територијата на Ирска, кога паганите му се заблагодарувале на виленикот поради тоа што имале среќа во нешто.

Со време почукнувањето во дрво станал начин да ја повикаме среќата или да и се заблагодариме, бидејќи будењето на духовите почнало да се смета за вознемирување на мртвите, кое може да има сосема спротивен ефект – несреќа. Исто така некои групи на христијани на овој начин ја повикувале заштитата на Исус Христос – секое дрво симболизирало е крст на кој тој е распнат.

Чукањето во дрво интересно е поврзано и со страдањето на Евреите во Шпанија во 1490 година. Имено кога Инквизицијата под водство на озогласениот Томас Торкемаде се насочила кон Евреите, тие се скривале во синагогите, кои биле направени од дрво.

Единствен начин уплашениот бегалец да го спаси својот живот е да влезе во храмот во кој можел да влезе само доколку да дрвената врата ја каже тајната шифра за да влезе внатре. Од таа причина што ова чукање спасило многу животи, и оваа приказна ја поддржува теоријата за тоа дека овој обичај сме го развиле за да ја повикаме среќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1