Во убиствата учествувале и ќерката на Тарвердиева од првиот брак, 25-годишната Викторија, и нејзината 13-годишна ќерка Анастасија. Меѓу нивните жртви се наоѓаат и шест полицајци, мајка и бебе, 2 тинејџерки и повеќе деца. На двете тинејџерки монструмите им ги извадиле очите.
При апсењето прижиле отпор. Сопругот Роман настрадал, додека Инеса била ранета. Во последниот грабеж пред да ги фатат не нашле пари во домот па украле алкохол и пилешки ражничи од фрижидерот. Изјавиле дека краделе и убивале како би дошле до оружје и пари.
Инеса на полицијата и објаснила дека убиствата и разбојништвата за нив биле како одење на работа, а признала и дека ја мрази полицијата, објаснувајќи дека таа е криминалец по природа. Убивањето им бил начин на заработка.
Семејството убијци во 2009 година го убило Димитриј Чудаков, неговата сопруга Ирина и 7-годишниот син Саша со полуавтоматско оружје. Потоа 11-годишната ќерка Вероника ја избоделе со нож 37 пати. Им украле лап-топ, фен за коса и камера.
Инеса тврди дека децата ги убивал нејзиниот сопруг. Оделе да убиваат како на излет.