Хорор силување во Сплит: И ја турнал раката до лакт во анусот и и ги извлекол цревата!


На славење за ослободување на генералот Готовина, студентот Роко Шимац ја силувал својата колешка на брутален начин и и нанел повреди за кои лекарите велат дека биле згрозени, a девојката ако преживее ќе ја остават со траен инвалидитет.  

Според лекарите се покажало дека повредите не се од шише или миксер туку од рака. Студентот ја бутнал раката во анусот на девојката до лактот – речиси 50 сантиметри и и извадил делови од цревата, пренесува “Jutarnji list”.

На девојката и е тешко повредено и дебелото црево, а лекарите со низа операции се обидуваат да го реконструираат тој дел на телото на младата девојка. Таа беше примена во кома и според лекарите неизвесно е дали ќе се опорави. Првата операција траела повеќе од 4 часа, а лекарите велат девојката ќе има траен инвалидитет.

Полицијата го привела Роко но ниту тој ниту жртвата воопшто не се сеќаваат на настанот. Полицијата открила дека студентите на журката освен голема количина алкохол конзумирале и дрога.

Инаку како што пишуваат хрватските медиуми еден од последните статуси на фејсбук на студентот бил ,, Ма каков шамар, и шамар беше доволен за да ја бутнам од нога,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1