ХОРОР: Снимки од крвавиот напад во Анкара (ВИДЕО)


Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако во напад со автомобил-бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 60 лица се повредени.krvav-napad-ankara

-Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана. Ќе продолжиме сѐ порешително да се бориме против пионите, кои извршуваат вакви напади и не знаат за морал и за хумани граници, како и против силите кои стојат зад нив, се наведува во соопштението објавено од прес-службата на претседателот.

Повеќето од убиените и ранетите во вчерашниот атентат се турски војници, вклучително и офицери.

Засега не е познато кои се извршителите на атентатот. Турски весник објави дека за нападот осомничен е Сириец, идентификуван на основа на отпечаток од прст, но оваа вест засега не може да се потврди. Според весникот, бомбашот е идентификуван како Сали Недџар, за кого се верува дека влегол во Турција со бегалците од Сирија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1