Славица Ракуљ (49) е убиена денеска во центарот на Белград, во улицата Страхињиќ Бан, околу 12.30 часот, откако во неа четири куршуми од пиштол испукал Горан М, поради невозвратена љубов.
Убиецот пукал во келнерката, а потоа си пукал во глава. Тој пред трагедијата во кафулето седел околу 2 часа и пиел кафе, а потоа наеднаш извадил пиштол и испукал 4 куршуми во Славица.
Мотивот за ова злосторство не е познат, но се препоставува дека оваа пресметка со пиштол настанала поради невозвратена љубов и дека најверојатно главен мотив за трагедијата е љубомора.