Германската полиција по неколку месеци потрага ја пронашла жената (60) која во мелено месо и останати месни производи ставала игли за шиење.
За среќа никој не е потешко повреден. Една тинејџерка (17) додека јадела приготвено мелено месо кое го купила од локалниот супермаркет, во устата почувствувала игла. Полицијата до сега истрагата ја водела тајно и случајот не би објавен, но поставиле камери во супермеркетите и така успеале да ја фатат жената. Снимката од жената ја објавиле за време на викендот. По објавувањето жената била идентификувана.
Нејзините мотиви се’ уште се нејасни, но таа завршила на психијатрија. Германската јавност за целиот случај била известена за време на минатиот викенд. Германските медиуми се прашуваат зошто луѓето не биле предупредени порано. Полицијата новинарите ги испратила до Канцеларијата на државниот јавен обвинител: “Информирањето на јавноста не би било гаранција дека не би дошло повторно до истото”, одговориле.