ХОРОР ВИДЕО: Србин ја уби вработената, па си пукаше во гради


Познатиот Пекар од Зајечар пред својот локал со три куршуми ја застрела својата поранешна работничка од која загубил судски спор, а потоа побегнал до агенцијата за недвижности каде си пукал себеси во гради.pekar-zajecar-samoubistvo-640x356

Српски Курир дојде до снимката од драмата која се одвивала на улиците низ Зајечар, пред агенцијата за недвижности во која пекарот по убистството на келнерката се забарикадирал.

Снимката го прикажува полициското опколување на пекарот кој се наоѓал во агенцијата. Полицајците повеќе пати го убедувале да го остави оружјето и да се предаде. Меѓутоа убедувањето не даде резултати и тој си пукаше во гради.

Итната помош по упадот на полицијата, ранетиот пекар го префрлила во болницата во Зајечар каде се наоѓа и жената во која тој пукаше и лекарите моментално се борат за нивните животи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1