ХОРОР ВО СКОПЈЕ: НАВИВАЧИ НА ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ИЗБОДЕНИ ПО НАТПРЕВАРОТ СО МЗТ


Навивачите на Црвена Ѕвезда биле избодени по натпреварот на MЗT и Црвена Ѕвезда, кој се играше синоќа во Скопје, Нападнати биле од поголема група момчиња во турската чаршија. navivAci zvezda

Тие ги обвинуваат Албанците, кои биле во група од 15 до 20 момчиња. Еден од избодените завршил на операција, а другиот бил избоден со нож близу окото. За малку е избегната трагедија, да го загуби окото.

Според нападнатите кои ги проследиле фотографиите до медиумите може да види што се случило.

– Седнавме во ресторанот и во рок од две минути се појавија близу 15-20 луѓе со ножеви и стапови и од ведро небо почнаа да не тепаат – вели еден од нападнатите Стефан Јовановиќ, за српски Телеграф.

Еден навивач е прободен со нож под окото и бил удрен во главата, додека друг бил прободен со нож во грбот.

– Прободено му е белодробното крило, а неговата состојба била сериозна. Итно бил опериран, но сега е добар.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1