Премиерот на Полска Доналд Туск е на лекување во болница поради акутна респираторна инфекција, соопшти неговиот кабинет.
Туск (55) денес ќе биде привремено испишан од болница за да може да присуствува на гласањето во Парламентот.
Туск е на чело на Владата од 2007 година, а во 2011 година беше реизбран. Тој е премиер што е најдолго на оваа функција во Полска.