Францускиот ланец на супермаркети „Карфур“ (присутен и на нашиот пазар) се придружува во борбата против фрлањето на големи количи на храна во светот со продолжување на рокот на траење на повеќе од 300 производи.
Поранешниот министер за земјоделство Гијом Гаро и предложи на француската влада 36 мерки во борбата против фрлање на храната, меѓу кои и оваа за продолжување на рокот на траење на одредени прехранбени производи, пренесе францускиот весник Фигаро.
Рокот на траење по деталните анализи за целосна безбедност на храната, е продолжен на производи како што се шеќер, оцет, сол, алкохол, чипс и останати грицкалки, но и на јогуртот од 8 на 10 дена и слатките павлаки од два на 8 дена.
Оваа како и останатите мерки се воведени со цел да се намали фрлањето на храна, со оглед на тоа што во Франција годишно по жител се фрла 20 до 30 килограми храна.